Полицијата уапси две лица од општина Јегуновце, кои цела година уценувале жител на Гостивар дека видео разговори и пораки од љубовна врска ќе ги достават до семејството, доколку не им исплати пари.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И.(33) и М.И.(31), двајцата од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Во периодот од април 2022 година до април 2023 година, пријавените повеќе пати уценувале 50-годишен жител на Гостивар дека видео разговорите и
разменетите пораки со второпријавената, со која бил во љубовна врска, ќе ги пратат на неговото семејство“, соопшти полицијата.
Тој на неколку наврати преку брз трансфер на пари им исплатил 10.000 евра.