После три месеци: Уапсено едно лице за двојното убиство во „Шиша бар“
Скопјанец е уапсен за двојното убиство во скопската Чаршија во „Шиша бар“ кое се случи пред три месеци, дознава „Макфакс“.
Ова е прво лице на кое Кривичен суд му одредило и притвор, а се поврзува со овој случај.
Во исто време, преку меѓународна правна помош, се трага по извршителите. Убиени беа Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени, кои се поврзуваа со нарко пазарот.
Според неофицијални извори на „Макфакс“ од судот, скопјанецот се сомничи дека има поврзаност автомобилот „ауди“ со кое извршителите на убиството избегаа, па потоа беше запалено.