52-годишен професор од средно училиште на еден хрватски остров бил пријавен за неовластено снимање и сексуално вознемирување – тој е уапсен и судија му одредил забрана за приближување и забрана за воспоставување контакт со две ученички.
Моментално е на слобода, пишува Слободна Далмација.
Според „Слободна Далмација“, директорот на гимназијата прв отишол во полиција и ја известил дека родителите на децата го контактирале.
Спорно е патувањето на средношколците на екскурзија во Италија во периодот од 3 до 6 мај, кога средношколка пријавила дека наставникот сексуално ја вознемирувал.
„Уште една ученичка дошла заедно со нејзините родители и пријавила во полиција дека професорот без дозвола ги снимал на екскурзијата.
Тој влегол во хотелската соба околу шест часот наутро и ја фотографирал неа и нејзините соученички додека спиеле во креветите, а подоцна и им ги покажувал фотографиите што ги направил“, велат од полицијата.
Професорот со овие две кривични пријави е спроведен во Општинското државно правобранителство, но по распитот е пуштен со мерки на претпазливост.
Хрватските новинари велат дека нивните обиди да дознаат дали професорот е суспендиран или сѐ уште работи во училиштето, останале безуспешни.