Петмина луѓе се повредени, од кои двајца потешко, во сообраќајна несреќа која вечерва се случи на автопатот Скопје-Тетово кај селото Групчин, објави „Макфакс“.
Автомобил „Рено“ излетал од патот и се превртел, а засега нема информации за второ возило кое учествувало во несреќата.
„Станува збор за патничко моторно возило „Рено 19” со скопски регистарски таблички, кое го управувала 20-годишната З.М.од скопското село Моране.
Повредите се констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид врши екипа од СВР Тетово“, велат од МВР за „Макфакс“.
На терен и натаму има полициски службеници.