Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски синоќа гостуваше во најновата епизода на Тешки муабети на Инфомакс.
„Мицкоски тргна против луѓето кои му оставија партија, 450.000 гласови, бела палата, станови, хидроцентрали, станови, куќи, ниви, ливади, пасишта, деловни простори… Ако си многу чесен врати ги на државата“, вели Јакимовски.
-Јас не сум видел Груевски некогаш да даде изјава против него или ова раководство, не знам зошто Груевски се однесува вака, по мене тој треба да го рамава од дистанца да се чуди што го снашло.
Груевски да му направи листа на следни избори, да му земе 10-15 пратеника, па да ја гледа власта од електро-факултетот.
Треба да одат луѓето на невролошки прегледи, ти да дадеш соопштение против твоето раководство кое не изгуби избори, се покрена цела меѓународна заедница за да го смени, вели Јакимовски.
Емисијата погледнете ја на видеото подолу: