Легендарниот актер Серхио Калдерон почина на 77-годишна возраст.
Ѕвездата – познат по својата работа во филмовите како што се „Pirates of the Caribbean“ и „Men In Blacк“ – почина во средата во Лос Анџелес.
Неговото семејство откри дека Калдерон починал во болница од природна смрт.
Мексиканскиот актер имаше кариера долга шест децении и глумеше во повеќе од 40 холивудски филмови.
Една од неговите најпознати улоги беше капетанот Валенуева, каде глумеше заедно со Џони Деп во филмот „Pirates of the Caribbean 3: At World’s End“ од 2007 година.
Тој, исто така, славно ја играше „главата на стап“ што ја држеше вонземјанин во филмот „Men in Black“, од 1997 година.
Во едно интервју само неколку дена пред неговата смрт, тој призна дека „сака“ да глуми негативци, лоши ликови.
Серхио за „Лос Анџелес тајмс“ рече: „Сакам да играм такви ликови, бидејќи луѓето навистина ме мразат.“
Калдерон е роден во едно мало село во Мексико, а кога имал 10 години се преселил во Мексико Сити, каде што се вљубил во уметноста, па дури одел и на поетски вечери.