Тешка сообраќајна несреќа, почина 60-годишен маж

Во вчерашната сообраќајна несреќа помеѓу товарно и патничко возило на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Издеглавје, на местото почина 60-годишниот М.Ј од селото Палатица.

Возачот на товарното возило и сопатниците од двете возила се тешко повредени.

-На 31.05.2023 во 18.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Издеглавје,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „Фиат дукато” со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Вевчани и патничко возило „Фолксваген туран” со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од селото Палатица, општина Желино.

Притоа, од здобиените повреди на местото починал возачот на патничкото возило М.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Возачот В.С. и сопатничката во патничкото возило, Н.Б.(47) од тетовското село Голема Речица се здобиле со тешки телесни повреди, додека Х.Б.(21) од село Голема Речица, сопатник во возилото „фолксваген” се здобил со телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, се вели во соопштението од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде