Зелениот картон влегува во регистрацијата и станува задолжителен за сите возила!?

Замислете какво финансиско олеснување би почувствувале сите ние доколку би се укинало задолжителното купување зелен картон за автомобилот при патување во странство?!, пишива Денар.мк

За среќа, иницијатива за укинување на зелениот картон веќе постои, а како што неофицијално дознава Денар, во тек е воспоставување единствена премија за осигурување на возилата од автоодговорност, исто како што тоа е дефинирано со директивите на ЕУ.

Од Министерството за финансии брифираат дека заедно со Агенцијата за супервизија на осигурување и Националното биро за осигурување веќе активно се прават анализи за укинување на зелениот картон, кој, за волја на вистината, е прилично скап за нашите македонски стандарди.

Анализите, како што пишива Денар, предвидено е на експертите да им одземат повеќе од 8 месеци, а започнати се во декември минатата година.

Според плановите, во последното тримесечје на годинава треба да се донесе конечната одлука дали ќе се применува европскиот модел и кај нас, по што ќе треба да се направат измени на Законот.

Накратко, ваквата евентуална измена ќе значи поскапување на осигурувањето, односно процесот на регистрација на возилата, бидејќи во цената ќе биде вклучено и осигурувањето од автоодговорност, како и износот за зелен картон кој ќе стане задолжителен за сите возачи без разлика дали патуваат надвор од Македонија.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Денар.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде