Бидете подготвени – за попладне е најавено силно невреме

Попладне на места во земјава ќе преовладува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Максималните температури ќе бидат во интервал од 23 до 29 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР најавуваат дека и во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде