Под влијание на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од југоисток, и во следните десет денови времето во Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО, во попладневните часови со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ, и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Токму поради ова АПЕЛИРАМЕ граѓаните и понатаму во случај на појава на НЕВРЕМЕ да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Локално и во следните десет денови ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог, со што постојат услови и за локални ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.
Во Скопје и околината исто така продолжува МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО време, со честа појава на попладневен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.
Попладневниот пороен дожд од локален карактер и денес попладне ќе биде присутен!
На оваа нумеричка карта може да се погледне каде денес попладне постојат услови за локално НЕВРЕМЕ (Интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град)!