Славчо Попоски објави карта: Еве каде денеска постојат услови за локално невреме

Под влијание на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од југоисток, и во следните десет денови времето во Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО, во попладневните часови со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ, и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Токму поради ова АПЕЛИРАМЕ граѓаните и понатаму во случај на појава на НЕВРЕМЕ  да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Локално и во следните десет денови ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог, со што постојат услови и за локални ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.

Во Скопје  и околината исто така продолжува МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО време, со честа појава на попладневен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Попладневниот пороен дожд од локален карактер и денес попладне ќе биде присутен!

На оваа нумеричка карта може да се погледне каде денес попладне постојат услови за локално НЕВРЕМЕ (Интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град)!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде