Страотна сообраќајна несреќа, едно лице го загуби животот

Педесетишест годишен велешанец починал откако со возилото излетал од патот возејќи се од село Јосифово кон село Пирава. 

Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден, околу 10.35 часот било пријавено дека на регионален пат Р-1105,

на патен правец од с.Јосифово кон с.Пирава, патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(56) од с.Пирава, излетало надвор од патот. 

– На местото на несреќата починал возачот Д.Ј.. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Увид извршиле увидна екипа од Полициска станица Валандово и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција – соопштуваат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде