Во сообраќајна несреќа во Шабац, Србија, кога се судриле автобус од Футог, кој превезувал деца, и автомобил, десет деца побарале лекарска помош.
Како што објавува „Блиц“, несреќата се случила околу 9:20 часот во Еврејска улица во Шабац. Автобусот превезувал деца, а десет од нив побарале лекарска помош. Според информациите, во прашање се полесни телесни повреди.
Според првите информации на Татјана Цвејиќ, портпаролка на Општата болница „Д-р Лаза К. Лазаревиќ“ во Шабац, на Итната помош се примени 10 деца и еден водич во автобус, пренесува српски Курир.
Децата се од Футог и отидоа на екскурзија до Тршиќ. Се уште чекаат да им се направат потребните прегледи, но се расположени, насмеани и нема сериозни повреди.
Водичот кој бил со децата е упатен на дополнителна дијагностика – пишуваат медиумите во Србија.
Возачот на „голфот“ е уапсен и против него е поднесена кривична пријава за кривично дело загрозување на јавниот сообраќај ќе биде сослушан во Основното обвинителство во Шабац Според првичните информации, возачот на „голфот“ се вртел преку полна линија во правец на бензинската пумпа кога на него налетал автобусот.