Тепачка меѓу повеќе лица се случила доцна синоќа во скопското село Волково, информираат од МВР.
Според информациите, вчера во 23.45 часот било пријавено дека во селото Волково бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка.
Имено, Т.Ј. (32), Ц.Ј.(66) и С.Б.Ј.(26), сите од Скопје, пријавиле дека околу 23.30 часот, Т.Ј. и Ц.Ј. физички биле нападнати од повеќе лица,
по што настанала меѓусебна пресметка во која што биле употребени тврди и стаклени предмети.
Во врска со случајот, С.Д.(31) од Волково, Х.Е.(37), Н.С.(53), С.С.(30) и Ф.Х.(32), сите од Скопје, изјавиле дека физички биле нападнати од страна на Т.Ј. и Ц.Ј..