Маж од Тетово пронајден починат во Гостивар.
На 01.06.2023 во 18.35 часот било пријавено дека во Гостивар, во соба од објект каде престојувал под кирија, бил пронајден починат Џ.Б.(59) од Тетово.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, соопшти полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.