Улиците и голем број објекти под вода: Силно невреме го погоди Прилеп (Видео)

Невреме проследено со пороен дожд и грмежи го погоди и денеска Прилеп.

За кратко време невремето го поплави централниот дел од градот и ги преполни коритата на Градска и Дабничка река.

Граѓани сведочат дека сликата особено кај Дабничка Река била грозна.

Купишта отпад се слеваат во Градска река и пливаат кон центарот на градот.

Претходно, од Центарот за управување со кризи предупредија дека се очекува локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

– Денес и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

И во Скопската Котлина денес и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, известуваат од ЦУК. 

Оттаму препорачуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде