Најнова вест: Железничкиот сообраќај во Македонија е во прекин

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава од изутринава е во прекин откако вработените во РЕ одржување – работилница во подружницата влеча на возови при ЖРСМ Транспорт,

прекинаа со извршување на работните задачи за одржување на локомотивите и патничките гарнитури поради неисплатена плата за април.

Од РЕ Одржување за МИА информираа дека прекинот на сообраќајот стартувал со возот 7011/0506 предвиден со возниот ред во 09:30 часот на релацијата Скопје – Велес.

-Бидејќи се уште не е исплатена платата за април работниците одлучија од денеска во 08:00 часот да не си ги извршуваат работните задачи односно нема да ги поправаат и прегледуваат машините и како такви тие не можат да бидат вклучени во сообраќај,

наведуваат од РЕ Одржување во известување за состанокот што го доставиле до генералниот директор и Управниот одбор на ЖРСМ Транспорт.

Оттаму потсетуваат дека согласно договорот со раководството на железничката компанија од изминатиот период, доколку до 15-ти во месецот не биде исплатен првиот дел од платата односно до 25-ти вториот дел од платата,

наредниот ден работниците ќе престанат да ги извршуваат работните задачи и нема да ги поправаат и прегледуваат машините.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде