Холивудскиот актер Бери Њуман почина на 92-годишна возраст.
Имено, неговата сопруга Анџела објави дека Бери починал од природна смрт.
Актерот беше познат по улогите во шоуто „Петрочели“ на NBC и во филмот „Точка на исчезнување“.
Легендарниот режисер Стивен Спилберг еднаш го опиша овој филм како еден од неговите омилени филмови.
Њуман беше и ѕвезда на драмската серија „Петрочели“ која се емитуваше помеѓу 1974 и 1976 година.
Бери исто така беше номиниран за наградата Еми во 1975 година благодарение на оваа улога.