На 04.06.2023 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки,
управувано од Л.З.(27) од Скопје и патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.К.Р.(32) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „опел корса“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и
уште една малолетна сопатничка од возилото „опел корса“ констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.