Бегајќи од полиција излетал од патот и завршил во нива со лозје

Синоќа на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“, полицијата привела две лица кои со автомобил превезувале десет лица мигранти од Сирија.

Според информациите се работи за М.С.(22) од с.Желино, тетовско и А.Џ.(20) од Тетово. А.Џ. се сомничи дека со патничко возило „мерцедес“ со словачки национални ознаки,

превезувал 10 лица мигранти од Сирија, а М.С. со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки бил претходница на возилото на А.Џ.

Имено, околу 16.20 часот на автопатот А1, кај клучка Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „мерцедес“ со словачки национални ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење.

Набргу, кај место викано „Раскрсница Миравци“ возачот изгубил контрола, излетал од коловозот, по што побегнал.

Притоа, во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, кои биле смeстени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.

По преземени мерки, во 19.20 часот кај Удово, лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде