Најнова вест: Граѓаните на Косово и Албанија во Македонија здравствени услуги ќе ги плаќаат колку македонските државјани

Министерството за здравство донесе одлука за нивелизација на цените на здравствените услуги во РСМ, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија.

Според министерот за здравство, Фатмир Меџити, тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција.

Целта е граѓаните на овие земји да се третираат еднакво за здравствените услуги и да плаќаат колку државјаните на РСМ.

„Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното.

Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби.

Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион“, вели Фатмир Меџити.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде