Министерството за здравство донесе одлука за нивелизација на цените на здравствените услуги во РСМ, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија.
Според министерот за здравство, Фатмир Меџити, тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција.
Целта е граѓаните на овие земји да се третираат еднакво за здравствените услуги и да плаќаат колку државјаните на РСМ.
„Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното.
Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби.
Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион“, вели Фатмир Меџити.