Во тешка сообраќајка што во понеделникот околу 16 часот се случила на локалниот пат Гоч – Врњачка Бања загинале Ненад Г.(62), неговата сестра Радојка Р.(74) и нивната другарка Нада Г.(61) од Бачка Топола, додека трет сопатник Љ.Ј. П.(61) е тешко повреден.
Како што пренесува српски Курир, братот и сестрата неодамна дошле од странство и со другарите заминале на обиколка на родната земја. Кобниот ден ја напуштиле Војводина.
Пријателите Нада и Рада беа неразделни кога Рада се врати во Бачка Топола и често патуваа заедно.
Така прво отидоа на север од државата, а потоа сакаа уште малку да обиколат и да одат во Врњачка Бања, за жал загинаа на пат до таму – вели изворот на Курир.
Несреќата се случила на местото викано „Шиљати камен“ кога возачот на „шкода рапид“ изгубил контрола над автомобилот, излетал од патот, а потоа силно удрил во дрво.
На пат кон болница починале Ненад Г. и неговата сестра Радојка Р., а Нада на лице место.
Тешко повреден Љ.Ј. П. најпрво бил пренесен во болницата во Краљевац, од каде потоа бил пренесен во КЦ Крагуевац.