Џорџ Винстон, познатиот соло-пијанист кој има продадено повеќе од 15 милиони албуми во неговата кариера, почина викендов, на 4 јуни. Веста е објавена денеска. Тој имаше 73 години.
Смртта на Винстон е потврдена на неговата интернет-страница. Тој се борел со ракот 10 години, а во 2013 година е подложен на трансплантација на коскена срж.
Во целата негова кариера, Винстон наоѓаше начини да ги помести границите. Негови можеби најпознати дела се „Peanuts“ на оригиналниот композитор Винс Гваралди,
нумерата „The Velveteen Rabbit“, па целосниот албум во чест на рок-групата „Дорс“ – „Night Divides the Day“ објавен 2002 година, „Montana: A Love Story“,
што вклучуваше и изведби на песни од Френк Запа и Сем Кук, како и последната компилација „Restless Wind“ од 2019 година, со мелодиите на Џорџ Гершвин и Стивен Стилс.