Четири девојки на возраст од 18 до 20 години биле во автомобилот кој вчера излета од патот кај Драчево.
Како што објави МВР, несреќата се случила на локалниот пат с.Количани-с.Драчево, скопско, кога „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од Скопје, излетало од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(18) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле М.С. и
уште две сопатнички М.Д.(20) и М.М.(18), двете од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид.