Жена од Неготино починала после тешката сообраќајна несреќа која се случила утринава кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, објавија од МВР.
Почината е 47-годишната Т.П.П. од Неготино, која управувала со возилото кое излетало од патот.
Како што информираат од полицијата, 47-годишната жена управувала со патничко возило ,,Фолксваген”, изгубила контрола и излетала од патот, при што возилото се превртело на покривот.
Поради сообраќајката во прекин беше сообраќајот на овој патен правец каде се изврши увид на местото на настанот.
Попладнево СДСМ на својата седница со едноминутно молчење и оддаде почит на својот активистка, секретар на ОО СДСМ Неготино.
„Сочувство до семејството, роднините, пријателите за трагично починатата Татјана Петрова, наша сопартијка и докажана активистка, секретар на ОО СДСМ Неготино која денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа.
Пред почеток на седницата на Централниот одбор беше оддадена почит и изразено сочувство со едноминутно молчење. Слава ѝ.“, напишаа од СДСМ.