Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
Прогноза за 14.06.2023
Минимална температура: 9°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 28°C
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер,
краткотрајно и во вид на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Прогноза за 15.06.2023
Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 22°C до 27°C
Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.
Прогноза за 16.06.2023
Минимална температура: 12°C до 18°C
Максимална температура: 21°C до 26°C
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.