Над 3.500 административци си дале отказ и заминале да работат во странство

Над 3500 административци си дале отказ и заминале да работат во странство

Неатрактивните плати ги принудуваат вработените во администрацијата да си дадат отказ на работното место, кажа претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Неофицијално, за три години над 3.500 лица си заминале во приватен сектор или во странство да работат, а финансиите се најголема причина поради нивните откази.

-Имаме неофицијална статистика дека во рок од три години над 3.500 луѓе вработени во администрација заминаа

или во странство или во приватниот сектор поради неатрактивните плати, вели Деаноски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде