Реки вода низ улиците, сообраќајот во колапс: Големо невреме во Прилеп (ФОТО)

Невреме денеска околу 15 часот го зафати Прилеп. Градот е поплавен, а реки вода течат по улиците при што движењето со автомобил е отежнато. 

На социјалните мрежи има фотографии од невремето. Метеоролозите најавија дека ќе имаме обилни врнежи од дожд. 

Пред неколку дена невреме имаше во Делчево.

Во следните часови опасност од појава на ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ, како и на ГОЛЕМИ ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ има во централниот дел од Македонија. Локално НЕВРЕМЕ се очекува и во другите делови од Македонија, објви Славчо Поповски во својата најнова метео прогноза.

За кратко време и тоа со појавата на НЕВРЕМЕ ќе наврнат дури над 20 л/м2 водел талог, а невремето кое се очекува во Македонија ќе биде проследено и со ОЛУЕН ВЕТЕР, силни електрични празнења, како и со појава на град.

Опасност од појава на НЕВРЕМЕ и локални поројни поплави постои и во делови од Скопската котлина.

АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на НЕВРЕМЕ.

Поради очекуваните интензивни врнежи од дожд, во следните десет денови се очекува зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, дури можно е и излевање на некои од помалите реки.

Територијата на Македонија, како и на целиот регион оваа седмица ќе биде под влијание на Средоземен циклон, и истиот ќе направи МНОГУ ПРОБЛЕМИ во Македонија, и насекаде низ регионот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде