ТРАГЕДИЈА: Три лица се убиени, а тројца се ранети во пукотница во неделата вечерта во дом во Анаполис

Три лица се убиени, а тројца се ранети во пукотница во неделата вечерта во дом во Анаполис, главниот град на Мериленд, соопшти полицијата.

Началникот на полицијата во Анаполис, Едвард Џексон, на прес-конференција рече дека пукањето се должи на, како што рече, „меѓучовечки спор“ и дека нема дополнителна закана за јавната безбедност, пренесува АП.

Тој изјави дека убиените се на возраст од 20 до 50 години, како и дека уште не е утврден цврстиот мотив за пукањето. Тој додаде дека истрагата е во тек, а полицијата се обидува да утврди што точно се случило.

Голем број полициски автомобили биле забележани во станбена зона јужно од центарот на градот каде што се случило пукањето.

Полициската управа соопшти дека еден од повредените е префрлен на трауматологија, пренесуваат медиумите.

Во соопштението се вели и дека еден осомничен е во притвор, а властите пронашле оружје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде