Мајка низ солзи тврди: Мојата ќерка на училиште доживува сексуален булинг од пет момчиња-соученици

Мајка на првоодделенка во едно скопско училиште пред камерата на „Слободен печат“ низ солзи тврди дека нејзината ќерка на училиште доживува сексуален булинг од пет момчиња-соученици,

кои насилно ја допирале по гениталиите, а претходно во изолиран случај ја влечеле за облеката, од што девојчето имало црвени траги околу вратот, кои подоцна помодреле.

Мајката тврди дека на училиште кај нејзината ќерка владее постојано премолчување, минимизирање и туркање под тепих на проблемите со секаков вид на насилство, а основната пречка е во тоа што кога ќе се пријави никој не презема ништо.

Таквата ситуација прави мајката да се чувствува револтирано, неразбрано од училиштето, но и да ја шокира инертноста и незаинтересираноста да се постапи итно за ваква сензитивна материја.

Откако мајката го пријавила случајот во училиштето, наставничките се потпишале на изјава дека такво нешто не постои, односно дека насилство во училиштето немало.

Единствената причина поради која „Слободен печат“ не го објавува идентитетот на мајката и името на училиштето, е тоа што на таков начин поблиску ќе биде идентификувана жртвата, која е малолетна и на таков начин би се создала опасност двојно да биде виктимизирана.

Родителката е шокирана што од училишната управа уште не свикале ни вонредна родителска средба за овој скандалозен настан, во екот на декларативните заложби за спречување на насилството во училиштата.

Иако најтранспарентно го пријавила случајот, разговарала со сите во училиштето во крикот за помош и едукација на соучениците кои ја изложуваат првоодделенката на булинг, наишла на ѕид и туркање на предметот под тепих.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде