Нови детали од Велес: Позната причината за кавгата поради која се случи убиството

Во селото Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 61-годишниот С.И. од село Подлес.

Како што информира МВР, тој вчера околу 16:10 часот пред неговата куќа по претходна расправија од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми кон 42-годишниот М.Д. и 44-годишниот М.В., двајцата од Велес.

– Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. М.В. се здобил со

тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош, информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

– Според непотврдени извори, кавгата настанала за приклучок за вода, по што убиецот испукал повеќе куршуми и повредил едно лице, додека за другото лице фатални биле повредите од куршумите, објавија локални медиуми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде