Филмскиот актер Трет Вилијамс , најпознат по неговата изведба во мјузиклот „Коса“ и улогата во ТВ серијата „Евервуд“, почина во понеделникот вечерта по несреќа со мотор во близина на Дорсет, на 71-годишна возраст.
Неговата смрт е потврдена преку соопштение од неговото семејство.
-Со голема тага објавуваме дека нашиот сакан Трет Вилијамс почина оваа вечер во Дорсет, Вермонт по фатална несреќа со мотор. Ние сме уништени и бараме да ја почитувате нашата приватност додека се справуваме со нашата тага.
До сите негови обожаватели, знајте дека Трет ве ценеше сите и ве молиме продолжете да го чувате во вашите срца и молитви, напиша семејството.
Државната полиција на Вермонт, исто така, објави соопштение за печатот подоцна во понеделникот, потврдувајќи го идентитетот на Вилијамс и деталите околу несреќата.
Полицијата потврди дека истрагата е во рана фаза и членовите на тимот ќе се вратат на местото на судирот во вторник, 13 јуни, за да продолжат со обработка на местото на настанот.
Вилијамс најпознат по улогата во „Коса“ му ја донесе првата номинација за Златен глобус за нова ѕвезда на годината – актер.
Подоцна заработи уште една номинација за Златен глобус за најдобар актер во филмска драма за неговата улога во Принцот од градот од 1981 година .