Во куќа најдени тела на братче и сестра на 11 и 7 годишна возраст: УЖАСНА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ АНГЛИЈА

Се работи за 11-годишниот Итан Џон и неговата седумгодишна сестра Елизабет.

Двајцата биле пронајдени со тешки повреди во куќа на улицата Лен, каде подоцна починале. Нивните училишта им оддадоа почит.

„Итан беше прекрасен член на нашата училишна заедница. Имаше беспрекорни манири и заразна насмевка.

Ќе им недостасува многу на вработените и учениците и засекогаш ќе биде дел од нашите срца“, велат од училиштето на Итан.

Оддавајќи ѝ почит на Елизабета, нејзиното училиште соопшти: „Елизабет беше љубезен, грижлив и пријателски член на нашето училишно семејство.

Таа беше пријателка на сите и сончев зрак кој секогаш имаше насмевка на нејзиното лице“.

49-годишна жена од Стоук-он-Трент е уапсена под сомнение за убиство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде