Самка Ибраимоски се огласи околу промената на името како и за условите за влез во ЕУ.
„ Уште долго време нема да нѐ бива, гледајќи ја дебатата на Анализа веерва, не можеме да сфатиме што е услов за продолжување на преговори со ЕУ.
Пратеничката Стојаноска од ДПМНЕ, упорно не по диктат. Епа, еве јас да ви одговорам, зошто во 2008 година во Букурешт не прифативте за името Република Македонија(Скопје) и тоа само за со Грција.
а надвор во другите држави како република Македонија и не ќе имавме денес проблем со Бугарија и немаше да има Преспански договор и денес ќе бевме во ЕУ.
Повторно истата грешка, сакате и денес да ја направите. Зошто и во чиј интерес кога знаете дека промената мора да се направи.
И да побеги ДПМНЕ, пак мора да го направи, а зошто касниме кога мораме тој услов да го направиме, со националистички пораки и омраза не води никаде,
затоа нема да нѐ бива со инает ништо не постигнуваме, само ќе касниме, а сите сме за ЕУ“, напиша тој на Фејсбук.