Стигна предупредување: Допрва доаѓа ГОЛЕМОТО НЕВРЕМЕ во Македонија

Главното со временските непогоди и обилните дождови допрва доаѓа и тоа со влијанието на циклонот од Средоземјето.

Утре попладне на повеќе места, а од четврток до недела низ целата територија на Македонија ќе има врнежи, грмежи и повремено засилен ветер. Локално врнежите ќе бидат ОСОБЕНО ОБИЛНИ.

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со многу обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Локално до недела ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60/70 л/м2 воден талог). Токму поради ова постои опасност од нови локални поплави, АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Исто така поради очекуваните обилни врнежи, можно е излевање на некои реки, особено оние помалите.

Температурите во следните денови повторно ќе бележат тенденција на ПАД, и ќе бидат потпросечни за овој период од годината и локално ќе се спуштат дури и под 20 степени преку ден, а во најтоплите предели тие ќе се искачат до околу 24, 25 степени.

Во Скопје исто така се очекуваат ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи, а можно е и НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурата особено за викендот ќе биде во пад и ќе се искачува до околу 20 степени, објави метеорологот, Славчо Попоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде