Три лица се тешко повредени во три одделни сообраќајни незгоди што вчера се случиле на териоторијата на Македонија, а во која учествувале модед или мотоцикл.
Прво, во 12.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки,
управувано од А.Л.(39) од Охрид и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од М.Д.(44) од Прилеп, со место на живеење во Струга. Во несре
ќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.
Во 13.25 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(68) од Струмица и мотоцикл „томос“ со струмички регистерски ознаки, управуван од П.П.(64) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Во 14.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на кружна крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Маркс Енгелс“, Ј.Ц.В.Р.(72) од Холандија, управувајќи мотоцикл „хонда“ со холандски национални ознаки излетал од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Ц.В.Р.(72) од Холандија, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.