Поранешниот претседател на Македонија и долгогодишен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, се вклучува во процесот на патот на Македонија кон Европската Унија.
Здружението за надворешна и меѓународна политика “Советот на Aмбасадори”, во соработка со Кабинетот на екс претседателот,
во понеделник ќе организира Амбасадорската трибина на тема „Северна Македонија помеѓу Отворен Балкан и Берлинскиот процес – можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“.
Црвенковски ретко се појавува во јавноста, уште поретко ги изнесува своите ставови,
па разбирлив е интересот на јавноста да го чуе неговото мислење околу настанатата пат позиција на земјава, како и евентуалните предлози за излез од кор сокакот.