Бранко Црвенковски после долга пауза се враќа на сцена – еве кога и каде ќе се огласи пред јавноста

Поранешниот претседател на Македонија и долгогодишен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски,  се вклучува во процесот на патот на Македонија кон Европската Унија.

Здружението за надворешна и меѓународна политика “Советот на Aмбасадори”, во соработка со Кабинетот на екс претседателот,

во понеделник ќе организира  Амбасадорската трибина на тема „Северна Македонија помеѓу Отворен Балкан и Берлинскиот процес – можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“.

Црвенковски ретко се појавува во јавноста, уште поретко ги изнесува своите ставови,

па разбирлив е интересот на јавноста да го чуе неговото мислење  околу настанатата пат позиција на земјава, како и евентуалните предлози за излез од кор сокакот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде