Косовски медиуми: Ова е македонскиот државјанин кој синоќа беше убиен во Приштина

Блерим Дачи бил ликвидиран синоќа во Приштина откако во неговото возило било пукано од друго возило со калашников.

Возилото од кое било пукано е најдено запалено на патот кон Грачаница, а внатре полицијата нашла два калашникови, јавуваат косовските медиуми.

Возилото на Дачи било со македонски регистарски ознаки, СК 7711 BK.

Инаку Дачи на полицијата и во Македонија и во Косово е познат по трговија со дрога, обвинет за нелегално држење на оружје, повратник од боиштата во Сирија…

Како што може да се види на видеото од местото на настанот, се се случило во близина на зградата која е во изградба.

Некои косовски медиуми објавија дека Блерим е избеган од домашен притвор и се шпекулира дека е еден од убијците во двојното убиство во Шиша Бар во скопската чаршија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде