Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди главниот филипински остров, соопштија властите.
Потресот го запре железничкиот сообраќај во главниот град Манила.
Нема извештаи за жртви или поголема материјална штета по земјотресот, што се случи во морето на длабочина од 10 километри и се почувствува во околните провинции, објави Филипинската сеизмолошка агенција.
Министерството за транспорт соопшти дека работата на три железнички линии во Манила е прекината поради земјотресот. „Железницата и аеродромите престанаа да работат.
Засега нема извештаи за поголеми последици од земјотресот и се надеваме дека така ќе остане“, изјави портпаролот на цивилната одбрана.