Славчо Попоски најавува: Денеска невреме, постои опасност од поплави!

Под влијание на циклонска активност од запад, особено од утре (четврток), па до крајот на оваа седмица насекаде низ Македонија ќе има врнежи од дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. 

Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60 л/м2). Постои опасност од локални ПОПЛАВИ, како и излевање на некои од помалите реки низ државава.

Апелираме, граѓаните во случај на појава на НЕВРЕМЕ да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, и секако да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја во случај на појава на електрични празнења.

Во Скопје исто така ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ, како и на локални поплавувања во делови од котлината.

Температурите се до крајот на оваа недела нема многу да се менуваат во споредба од оние кои ги имаме сега, и покрај тоа што малку истите ќе бидат пониски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде