Важна информација: Ако сте го купиле ова млеко веднаш исфрлете го, АХВ нареди повлекување поради несоодветен квалитет и измама на потрошувачите

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот производ – УХТ млеко МИЗО 2,8% мм

поради несоодветен квалитет и измама на потрошувачите ( не е загрозена безбедноста на производот), односно поради утврдено присуство на растителни масти.

Рок на употреба: 20.06.2023
Потекло: Млекара Лесковац, Република Србија

Увозник: Бадев ДООЕЛ Кавадарци
Дистрибутер: Бадев ДООЕЛ Кавадарци

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот рок на употреба, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде