Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
– Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи.
Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 23 степени, се наведува во соопштението на УХМР.
За време на викендот, врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер.
Од понеделник времето ќе биде стабилно и потопло.