Во местото Орашац кај Аранѓеловац се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале два камиони.
Несреќата се случила на потегот Баљковица, а се судриле камиони со белградски и новосадски регистерски таблички.
Судејќи според изгледот на камионите, судирот бил страшен. Едната кабина е речиси целосно уништена.
Брзата помош, полицијата и пожарникарите беа на терен и мораа да го исечат лимот за да извлечат еден од возачите од кабината – изјави еден од очевидците.
Според неофицијални информации, веднаш по извлекувањето на возачите, полицијата започнала истрага за да утврди како дошло до несреќата, и кој е одговорен за неа.
Додека полицијата вршеше увид, сообраќајот беше во прекин.