Критична е ситуацијата во Крива Паланка откако попладнево се излеа Крива река.
На видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека реката во центарот на градот е излеана и веќе прави штети на урбаната опрема и зеленилото.
Засега немаме информација за други настанати штети.
Оваа ситуација е како резултат на поројните дождови кои претходните денови и во текот на денешниот ден интензивно паѓаат на ова подрачје.
Да потсетиме, попладнево невреме го погоди и кумановски регион.