Поради циклон, илјадници луѓе се евакуирани од две држави.
Над 180.000 луѓе се евакуирани во Индија и Пакистан во изминатите неколку дена додека властите се подготвуваа за циклонот Бипарџој да ги погоди бреговите на двете земји.
Силен циклон ноќеска ја зафати индиската држава Гуџарат. Невремето корнеше дрвја, покриви од куќи и столбови.
Индиските метеоролози предупредија на обилни врнежи во Гуџарат и во соседната држава Раџастан.
Само во Гуџарат повеќе од 100.000 луѓе беа евакуирани и преместени во засолништа, додека во Пакистан околу 82.000 луѓе беа евакуирани од крајбрежните области со висок ризик.
Во училишните сали и во владините згради, погоденото население добива помош. Нема пријава за загинати.
#CycloneBiparjoy still active as severe cyclonic storm; wind speed to reduce and convert to cyclonic storm. Watch this report by @JournoAshutosh from #Gujarat's Mandvi. #ITVideo | @PoojaShali pic.twitter.com/2y8JIGpVd1
— IndiaToday (@IndiaToday) June 16, 2023