Најнова вест: Два моста во Македонија се под опасност да паднат – ова се деталите

Поплавени куќи, мостови, отсечени села. Ваква е состојбата по зголемениот водостој на Крива Река во Општина Крива Паланка.

Центарот за управување со кризи (ЦУК), кој од синоќа будно ја следи состојба во државата информира дека од попладнево во прекин се и патните правци од Крива Паланка кон селата Варовиште и Граден, заради големиот водостој на Крива Река, како и појава на свлечишта.

ЦУК издаде предупредување и за внимателност на мостот во село Пчиње, кој има слаба конструкција, а попладнево може да има проблеми, кога зголеменото ниво од Крива Река ќе дојде до река Пчиња.

Предупредување има и за зголемен водостој на реката Вардар и нејзините притоки.

Проблеми со зголемениот водостој на реката Вардар веќе има во Градско, каде што се влева и најголемата притока Брегалница.

Градоначалникот на Градско, Киро Нацков за Телма вели дека алармантно е на мостот од Градско кон село Уланци.

Со механизација се отсрануваат надојдените гранки и дрвја, а стабилноста на мостот е нарушена од претходно, поради неконтролирано црпење на песок.

Во Кавадарци денеска имаше невреме, на терен на повеќе локации интервенираат служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец, информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Обилните дождови предизвикале големи оштетувања на колекторот, а се работи и кај мостот на Северен булевар во Кавадарци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде