Најнова вест: И Гостивар го погоди силно невреме

По поројните дождови, екипи на јавните комунални претпријатија се излезени на терен на повеќе локации во гостиварските планински села,

ги чистат патиштата и интензивно работат на санирање на последиците, информираа попладнево од локалната самоуправа на Гостивар.

Од таму нагласуваат дека особено се работи на патот Церово-Симница кадешто обилните врнежи предизвикаа и одрони.

Како што информираше Gostivarpress.mk невремето со пороен дожд и силен ветер што го зафати горнополошкиот регион, предизвика низа штети и проблеми за населението.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде