ТРАГЕДИЈА: Осумгодишно дете од Македонија загина во страотна сообраќајна несреќа

Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила во Албанија животот го загубило осумгодишно дете од Северна Македонија, а пет лица се повредени.

-Сообраќајната несреќа се случила на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Паулеш. Во несреќата учествувал автомобил марка „голф” со гостиварски регистарски таблички

управуван од македонската државјанка Т.Б. кој се движел од Елбасан кон Пеќин и автомобил управуван од А.Х. жител на албанскиот град Каваја, пренесуваат медиумите.

Повикувајќи се на полициски извори медиумите објавуваат дека Т.Б. изгубила контрола врз возилото, удрила во другото возило и завршило на браниците на патот.

Во несреќата со повреди се здобила мајката на починатото дете Т.Б. и нејзината 11- годишна ќерка, како и А.Х. и две лица кои биле во неговиот автомобил.

Транспортирани се во регионалната болница во Елбасан и според последните информации се вон животна опасност.

Причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодена брзина на движење на автомобилот со македонски ознаки.

Според медиумите местото каде што се случила несреќата е една од неколкуте црни точки на оваа делница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде